Играчите пукаа петарди на теренот, сега е време за огномети и кревање на Скудетото (видео)

Интер со убедлива победа од 5-1 над Удинезе ја комплетираше шампионската сезона, по што прославата на „Џузепе Меаца“ ќе почне набрзо и ќе се доделува Скудетото кое се чекаше од сезоната 2009/10.

Голеадата во Милано ја започна Ешли Јанг во осмата минута, а пред финишот на првиот дел и Ериксен се запиша во листата стрелци со речиси перфектен слободен удар. Тој гол можете да го видите на следниот ЛИНК.

Мартинес продолжи да ја полни мрежата на Мусо со сигурна реализација од белата точка во 55-тата минута, а до крајот Перишиќ и Лукаку како резерви од клупата зададоа нов удар на Зебрите. Переира од пенал го постигна почесниот гол за гостите во 79-тата минута.

Интер ја заврши сезоната со 91 бод на врвот, а со Нероаѕурите се чекаат останатите три патници во Лигата на шампионите, кои ќе се дознаат вечерва. Детаљите околу сите можни сценарија можете да ги прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести