6728 Монако – Шахтар (21.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои на убедлив начин, со по две победи во минатото коло, дојдоа до баражот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Шахтар го елиминира Генк, а Монако беше многу подобар од Славија Прага. Но, Кнезовите лошо тргнаа во француската лига, во првите две кола освоија само еден бод во мечеви со 0-2 гола, можеби затоа што фокусот им е кон ЛШ. Шахтар веќе не е толку силен како порано, има само двајца странци во составот, за нив и групна фаза во Лигата на Европа е успех. Монако е фаворит и мора да победи за помирен реванш.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.25)
6727 Шериф Тираспол – Динамо Загреб (21.00 часот)
Молдавскиот првак спречи да има големо балканско дерби, а откако ја елиминира белградска Ѕвезда, сега ќе се обиде да го совлада и загрепски Динамо. Искуството од играње во групите на ЛШ е предноста на Адеми, Ристовски и другарите. Динамо има четири победи по ред против Шериф во меѓусебните дуели, сите четири победи беа без примен гол, но ова е нешто сосема друго. Шериф во составот речиси и да нема молдавски играчи, ова е историски меч за клубот.
Предлог тип: ГГ (2.02)
6044 Салцбург – Брондби (21.00 часот)
Австрискиот тим на хартија е во предност поради играњето на домашен терен и моментната форма. Салцбург во последните три недели ги доби сите мечеви во австриската лига, како и контролите против шпанските моќници Барселона и Атлетико. Од друга страна, Брондби уште нема победа по пет меча во првата лига на Данска и ги загуби последните два. Ова е прв меѓусебен дуел на овие клубови, Салбург нема да ја испушти шансата да триумфира.
Предлог тип: 1-1 (1.63)
6021 Црвена ѕвезда – Клуж (21.00 часот)
Црвено-белите од Белград откако ги загубија шансите за место во ЛШ, сега ќе се борат да обезбедат место барем во групите од Лигата на Европа. Клуж исто така уште од почетокот на јули играше квалификации за ЛШ, а испадна од Јанг бојс. Статистиката покажува дека не треба да се очекуваат премногу голови и дека Ѕвезда нема да загуби на свој терен. Кај Србите ќе го нема Фалко, но тренерот Станковиќ најавува дека како знаат и умеат, мора да го елиминираат Клуж.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.35)
1811 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (20.30 часот)
Германскиот Суперкуп се игра во Дортмунд, но Борусија има многу повредени играчи и тоа е проблем кога се игра против Баерн, за разлика од викендов, кога го разбија Ајнтрахт. Халанд тргна фуриозно, а на другата страна и Левандовски е човек кој може на секој меч да даде гол, па затоа и типуваме на голови на двете страни. Баварците на последните две гостувања во Дортмунд победуваа со по 3-2, еден од тие мечеви беше во септември, исто така во Суперкупот. Баерн од април нема гостинска победа, тренерот Нагелсман уште ја чека првата победа како кормилар на најтрофејниот германски клуб.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.58)