Никој не може да ја спаси лошата сезона на Монако. Ниту Тјери Анри, ниту Фабрегас, „кнезовите“ едноставно никако да проработат. Ново разочарување е поразот од второлигашот Мец со конечни 3-1 во раната фаза од Францускиот куп.
Само пред три дена беа посрамотени пред своите навивачи во поразот од Стразбур со 5-1, а за работите да бидат уште полоши, Монако вечерва од второлигашот загуби на домашен терен.
Гостите до прво водство стигнаа по половина час игра, Хејн беше стрелец, за набрзо потоа Фалкао да израмни на 1-1. И покрај притисокот во второто полувреме, Монако наместо да го сврти резултатот во своја корист, одново се најде во незавидна позиција откако Гакпа во 62-рата минута му донесе нова предност на Мец, додека во 74-тата минута Нијане го постави конечниот резултат на „Луј Втори“.
Овој пораз беше вкупно 19-ти за Монако сезонава во сите натпреварувања, едноставно премногу за тим кој минатата сезона беше вицешампион во Франција.