Монако прими гол во 90 минута и остана во зоната за испаѓање

Само неколку минути го делеа Монако да се тргне од зоната за испажање во француското првенство. Тимот од „малото кнежество“ одигра 2:2 на гостувањето кај Монпелје, но може да жали што не стигна до трите бода. Монако имаше водство на полувремето со голот на Мартинс, а откако домаќините стигнаа до 1:1, Фалкао погоди за нова предност на Монако во 82 минута.

Сепак, во 90 минута, судијата реши да покаже на белата точка за Монпелје и домаќините погодија за 2:2. Со освоениот бод, Монако стигна до 19 на своето конто, но остана на 18 место. Доколку ги освоеше сите три бода, со 21 бод, сигурно ќе избегаше од зоната за испаѓање.

Во останатите два меча кои се играа од 15 часот, Нант – Ним 2:4 и Тулуз – Реим 1:1.

- Оглас -

Најнови вести