Монако се буди и оди кон опстанок

Екипата на Монако со две победи и еден нерешен резултат во последните три кола, покажува дека излегува од големата криза, и полека почнува да бега од опасната зона на табелата во француската лига.

Португалецот Желсон Мартинс со својот гол во 13-та минута, им донесе минимална, но многу вредна победа на „кнезовите“ против Нант. Ова е само петта победа за Монако сезонава, втора во последните три кола, и со 22 бода, во моментов тимот од Монте Карло не е на позицијата на табелата која носи во понизок ранг.

РЕЗУЛТАТИ: Олимпик Марсеј – Амиен 2:0, Анже – Ница 3:0, Монако – Нант 1:0.

- Оглас -

Најнови вести