Монако со “два во еден“ и “7+“ го совлада Стразбур и остана во игра за Лигата на шампиони

Фудбалерите на Монако со пресврт славеа над Стразбур и останаа во игра за третата позиција на табелата која води во квалификациите за Лигата на шампиони. Стразбур, кој останува во долниот на табелата во борба за опстанок, имаше водство на полувремето од 2-1, кое не успеа да го сочува до крајот на натпреварот, иако Монако прв дојде во водство.

Домашните пресвртот го направија за само четири минути, со головите на Бен Сегир во 54. минута и Диоп во 58. минута. На 4-2 зголеми Фофана во 66. минута, а овој фудбалер подоцна доби и црвен картон. Конечните 4-3 ги постави Диало во втората минута од судиското продолжение.

 

- Оглас -

Најнови вести