Монструозно забивање на Ејтон на 0,9 секунди за водство од 2-0 на Феникс (видео)

Феникс санс го доби и вториот меч на домашен терен од серијата против ЛА клиперс со минимални 104:103, за водство од 2-0 во Западното финале благодарение на Деандре Ејтон и неговото монструозно забивање на помалку од една секунда.

Клиперси водеа со пола кош на 0,9 секунди, па на Сонцињата не им преостна ништо друго освен брзо изведување и простор да се шутира само со еден допир на баскетот. Ејтон направи малку повеќе од тоа, скокна највисоко и преку Зубац силно заби, точно навреме за да ја донесе втората победа на франшизата од Аризона во оваа серија.

Феникс дојде до деветтата победа во низа во разигрувањата и делуваат дека се подготвени да се борат за титулата, иако и ноќеска не сметаа на главниот адут, плејмејкерот Крис Пол. И Клиперси повторно играа без првата ѕвезда Кавај Ленард, па и во овој меч се виде колку недостасува Канџата, кој знае да биде човек од одлука кога е потребно.

Драмата владееше од самиот почеток во дуелот во „Феникс арената“. Ниту една екипа не успеа да „избега“ на двоцифрена предност, главно се играше кош за кош, со тоа што домаќините имаа највисоки +8 во еден момент.

Замената за Пол, Кемрон Пејн, и тоа како одговори на предизвикот со најмногу постигнати поени за Феникс, 29, притоа запиша 9 асистенции, додека кошот за победа беше 24-ти поен за Ејтон кој заврши со дабл-дабл при 14 скока. Пол Џорџ беше најефикасен од редовите на Клиперс со 26 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=F7B4SGybInU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести