Новиот италијански прволигаш, Монца, клуб кој по 110 години постоење за првпат ќе заигра во Серија А, ќе внесе свежина во лигата во следната сезона, а причина за тоа е амбициозноста на газдата на клубот, Силвио Берлускони.
Берлускони изјави дека амбиција му е Монца да стане италијански првак, а потоа и европски првак.
Газда Силвио не седи со скрстени раце, туку веднаш се зафати со доведување на нови играчи во тимот. Ексгаздата на Милан сака во Монца да го донесе поранешниот фудбалер на Росонерите и на Монца, Марио Балотели.
Балотели е член на турскиот Адана Демирспор, а Берлускони призна дека веќе имал разговор со Балотели и го убедувал да потпише за Монца, за која играше во сезоната 2020/2021, пред да замине во Турција.