Берлускони еуфоричен: Следна цел на Монца е Скудетото, а потоа и титула во Лигата на шампионите!

Пласманот на Монца во италијанската Серија А е посебно интересен затоа што газда на клубот од пред неколку години е магнатот Силвио Берлускони, кој кога беше прв човек на Милан, Росонерите доминираа во Италија и во Европа.

Клубот Монца постои 110 години, а за првпат ќе игра во Серија А. Тие се 69-ти различен клуб кој станал прволигаш, а 12-ти од провинцијата Ломбардија, во која припаѓа и градот Милано.

Берлускони, кој е познат по давањето интересни изјави, рече дека одвај чека меѓусебен дуел против Милан, а постави и многу високи цели: Напад на титулите во Италија и ЛШ.

„Ова е моја втора голема радост сезонава, првата беше титулата на Милан. Ќе биде убаво и емотивно да се гледа меч на Монца и Милан, одвај чекам. Навикнат сум на победи во животот. Сега откако влеговме во Серија А, го сакаме Скудетото, а потоа ќе ја нападнеме титулата и во Лигата на шампионите“, најавува Берлускони.

- Оглас -

Најнови вести