3007 Лацио – Монца (15 часот)
Монца има желба, се бори, но едноставно не е конкурентен тим во Серија А оваа сезона. Речиси и да нема шанси за позитивен резултат на „Олимпико“ против Лацио. Предлогот е победа на Лацио, но и најмалку по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.05)
1133 Плимут – Ливерпул (16 часот)
Ова е меч од ФА купот, нема место за поправен, и Ливерпул сигурно ќе го сфати сериозно. Можеби Арне Слот ќе изротира неколку фудбалери, но неговиот тим е многу поквалитетен од домаќинот. Предлогот е триумф на Ливерпул и најмалку три гола во мрежата на Плимут.
Предлог тип: 2 & T2 3+ (1.68)
1307 Валенсија – Леганес (16.15 часот)
За Валенсија секој дуел, посебно на домашен терен, е како финале во битката за опстанок. Тимот на Столе Димитриевски и покрај убедливиот пораз од Барса, сепак, има капацитет и квалитет да слави против Леганес.
Предлог тип: 1 (1.81)
3009 Наполи – Удинезе (20.45 часот)
Наполи сака да се врати на победите по ремито со Рома и вечерва ќе стори сѐ да освои три бода против Удинезе. Антонио Конте знае како да го извлече максимумот од својот тим, а нашиот предлог е триумф за Наполитанците и два до пет гола на овој дуел.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.78)
1309 Севиља – Барселона (21 часот)
Барселона е во голгетерски елемент и очекувањата се да продолжи во ист стил и против Севиља. Успехот на овој меч е клучен за тимот на Ханси Флик, за да се доближи до ривалите Реал и Атлетико.
Предлог тип: 2 & 3+ (1.96)