Монца втор пат сезонава го зеде скалпот на Јувентус, дали Берлускони ќе го исполни ветувањето и ќе ги чести фудбалерите со автобус полн со проститутки (Видео)

Фудбалерите на Монца го направија второто големо изненадување во 20-то коло во Серија А и како гости со 2:0 го совладаа Јувентус.

Претходно, Милан доживеа дебакл од Сасуоло откако пред своите гледачи на „Сан Сиро“ загуби со 2:5.

Интересно е што Јувентус е првиот тим кој загуби од Монца во двата натпревари во Серија А. Во првиот дел од сезоната, Монца славеше со минимални 1:0.

Победата беше обезбедена во првото полувреме, прво Патрик Чурија во 18-та минута го отвори резултатот, а потоа Дани Мота во 38-та минута го постави конечниот резултат.

Сега, останува да видиме дали сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, ќе го исполни ветувањето и на играчите ќе им обезбеди автобус полн со проститутки.

Имено, кон крајот на минатата година, Берлускони им порача на своите фудбалери дека ќе им обезбеди автобус полн со проститутки ако тие совладаат еден од трите гиганти, Милан, Интер и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести