Бунга-бунга Берлускони: Ќе добиете автобус полн со проститутки ако победите на еден од овие два натпревари (Видео)

Поранешниот сопственик на Милан, а сега на Монца, Силвио Берлускони, има контроверзен и невообичаен начин да ги стимулира своите играчи во дуелите против најголемите италијански екипи.

Берлускони, кој е поранешен италијански премиер и исто така е познат по бунга-бунга забавите, на заедничката божикна вечера со играчите и тренерскиот тим на Монца им вети полн автобус со проститутки ако ги победат Јувентус, Милан или Интер.

„Пронајдовме добар и пријателски расположен тренер кој е способен да ги мотивира нашите играчи. На фудбалерите им дадов дополнителна мотивација велејќи им дека ако ги победиме Милан, Интер, Јувентус… еден од тие големи клубови, ќе им испратам полн автобус со проститутки во соблекувалната“, рекол Берлускони.

Монца сезонава влезе во Серија А и по 15 кола се наоѓа на 14-тата позиција со 16 бода.

- Оглас -

Најнови вести