Монца загуби, но Галијани и Берлускони нема да тагуваат многу (Видео)

Милан како гостин ја совлада Монца со 1-0, а стрелец на единствениот гол на овој интересен меч беше Жуниор Месиас во 31-ва минута.

После овој триумф, Милан се изедначи по бројот на бодови со второпласираниот Интер, со тоа што Интер има и еден меч помалку. Наполи има бега дури 18 бодови.

Дуелите на Монца и Милан имаат и посебно значење, затоа што новиот прволигаш го предводат Силвио Берлускони и Адријано Галијани, некогашните предводници на Милан од неговите најуспешни години.

Златан Ибрахимовиќ повторно беше на клупата за резерви, и не влезе во игра, а за Монца ова е прв лигашки пораз во календарската 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести