На кошаркарскиот натпревар Реал Мадрид – Црвена ѕвезда, кој се играше синоќа во главниот град на Шпанија, во првиот ред присуствуваа и НБА-ѕвездата Лука Дончиќ, кој е „дете на Реал“, и најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ.
Пред мечот тие добија подарок дрес од Реал Мадрид. Лука си ја доби неговата седумка која ја носеше додека играше во Реал, а Новак доби дрес со бројот 1, што покажува на кое место Кралскиот клуб го рангира Србинот.

Познато е дека Ѓоковиќ е фан на Црвена ѕвезда и веројатно не му беше баш мило што белградските Црвено-бели претрпеа убедлив пораз, а од друга страна, Словенецот уживаше во играта на својот некогашен тим.
Потегот на мечот го имаше Серхио Љуљ, кој пред очите на Дончиќ на крајот на третата четвртина погоди една луда тројка од табла во последната секунда, тоа го правел стотици пати во кариерата, а Лука само се насмевна и му честиташе бидејќи и тој многу пати ги видел ваквите шутеви на ветеранот.
😎 ¡El de siempre haciendo lo de siempre…!
🍊 @23Llull pic.twitter.com/cbBHrDdotA— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) April 16, 2026

