Мора да бидете искрени и да признаете дека Новак е најдобар тенисер

Австрискиот тенисер Доминик Тим изјави дека јавноста мора да биде искрена и да признае дека Новак Ѓоковиќ во моментов е најдобар тенисер на светот.

Новак со победата во финалето над Стефанос Циципас со 3:0 во сетови и тоа со 6:3,7:6,7:6, по десетти пат триумфира на Отвореното првенство на Австралија.

„Не сум многу изненаден од неговата игра, бидејќи сè уште чувствува дека е млад. Физички, психички, како и начинот на кој се движи иако има некои повреди, го прави тоа да изгледа како да има 25 години. Сите мора да бидат искрени и да признаат дека Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер, и не беше изненадување што победи во Мелбурн“, изјави Тим.

- Оглас -

Најнови вести