Морал да пешачи 12 часа за да му даде дозвола на синот да игра на Светско првенство (Видео)

Кадетската репрезентација на Еквадор е дел од Светското првенство кое е во Бразил. Експедицијата пред самиот пат кон Бразил наиде на неочекувани проблеми. Силвано Денилсон Естасио Мина е играч кој беше на листата на патници, но не смееше да влезе во авионот затоа што е малолетен, а немаше писмена дозвола од родителите дека може да ја напушти земјата.

Таткото на фудбалерот живее далеку од главниот град Кито, но добил порака дека мора да дојде до аеродромот и да потпише писмена изјава за да може неговиот син да замине на Мундијалот. Силвано Сениор решил да ги помине 156-те километри на мотор.

Сепак, само по 45 километри, моторот се расипал, па останатите повеќе од 100 километри ги поминал за 12 часа пешачење.

- Оглас -

Најнови вести