Морант експресно е суспендиран по авантурата со пиштолот, па вети дека ќе побара помош

Ѕвездата на Мемфис гризлис и еден од најдобрите кошаркари во НБА, Џа Морант, по последниот испад со кој ја налути целата спортска јавност во САД и НБА-лигата, се огласи во јавноста и вети дека ќе побара помош.

„Прифаќам целосна одговорност за моите постапки од синоќа. Жал ми е за моето семејство, за соиграчите, тренерите, навивачите, партнерите, градот Мемфис и целата организација на гризлис. Ве изневерив. Ќе одвојам време да побарам помош за да можам подобро да се справувам со стресот“, објави Морант.

Наместо поради неговите игри, Морант изминатите денови беше во центарот на јавноста во САД поради своето однесување, тие открија дека минатото лето претепал момче додека играле баскет, а потоа му се заканувал и со пиштол.

Потоа предизвика нов инцидент во трговски центар откако бил повикан од неговата мајка која имала несогласување со обезбедувањето. Морант се појавил заедно со девет пријатели кои му се заканувале на човекот од обезбедувањето, но не дошло до физички контакт.

На претпоследниот меч на Мемфис, против Хјустон рокетс, добрите потези ги прославуваше имитирајќи дека пука од огнено оружје.

Потоа отиде чекор подалеку и на својот профил на Инстаграм објави видео како се забавува во ноќен клуб и притоа покажа пиштол. Челниците на НБА лигата експресно го суспендираа Морант кој засега нема да игра на следните два натпревари на Мемфис, додека не ја заврши истрагата околу видеото.

- Оглас -

Најнови вести