Реал Мадрид по подоброто изведување на пеналите го победи Атлетико Мадрид со 4-1 во финалето на шпанскиот Суперкуп, а за најкорисен играч на финалето беше прогласен Федерико Валверде. Младиот уругвајски господар на средниот ред на Реал потегот на мечот го имаше на пет минути до крајот на второто продолжение, кога доби црвен картон.
Вистинска реткост е за МВП да биде прогласен некој што бил исклучен, но Валверде се жртвуваше за тимот и мораше да го фаулира Алваро Мората, кој се најде сам пред Тибо Куртоа. Валверде знаеше дека ќе добие црвен картон и дека нема да може да игра на лигашкиот меч со Севилја, но сега тој е јунак кај милионите фанови на Реал низ светот. Спречи водство на Атлетико и заслужено е МВП на Суперкупот.
Погледнете го фаулот со кој Валверде го спречи Мората да даде гол откако Шпанецот се најде во 100 отстотна шанса: