Мораше да падне некоја „жртва“: Синер ги отпушти најблиските соработници

Првиот светски рекет Јаник Синер ја прекина соработката со кондицискиот тренер Умберто Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди. Овој потег следува по објавата дека во неговите анализи е пронајдена забранета супстанца, клостебол.

Иако Ферара и Налди не биле забележани во тимот на Синер во последните неколку недели, сега е познато дека оваа одлука е трајна, а не привремена, пренесува „Кориере дело спорт“. Ова беше очекувано бидејќи поради нивната невнимателност, Синер се најде во многу непријатна ситуација.

Ферара беше човекот кој не само што се грижеше за „билдање на мускулите“ на Синер, туку ги водеше сите аспекти на неговите подготовки. Налди беше со Синер неколку години, откако го напушти кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња.

По сè што се случи, некој мораше да ја преземе одговорноста, а Синер реши тоа да бидат неговите блиски соработници.

Синер ќе биде прв носител на последниот гранслем-турнир оваа сезона, Отвореното првенство на САД, кое започнува на 26 август.

- Оглас -

Најнови вести