Мората даде два, на Јуве му броеја еден гол во ремито со Кротоне (видео)

Јувентус мора да се задоволи со реми од 1-1 на гостувањето кај Кротоне, со оглед на тоа дека Анреа Пирло не располагаше со ѕвездите како Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, дефанзивците Сандро и Де Лихт.

Бјанконерите речиси половина час играа со 10 фудбалери, откако Кјеза заработи директен црвен картон во своето деби за италијанскиот првак. Второ деби за Јуве оствари и Алваро Мората, гостите преку Шпанецот израмнија во првиот дел, а потоа стигна и до втор погодок на средбата, кој сепак не се важеше.

Изминаа речиси четири минути пред ВАР да сигнализира дека Мората беше во недозволена позиција во клучниот момент, па Јувентус до крајот не го проби мразот за решавање на средбата.

https://twitter.com/noobfcb/status/1317561671871877120

Со второт реми сезонава Јувентус има 8 бода по четири кола и стои на четвртото место на табелата, со четири бода помалку од лидерот Милан.

- Оглас -

Најнови вести