Матно деби за Кјеза, го остави тимот на цедило (видео)

Јувентус остана со 10 играчи на гостувањето кај Кротоне каде што италијанскиот првак се мачи на околу дваесетина минути до крајот на мечот од четвртото коло во Серија А. Федерико Кјеза во своето деби за Бјанконерите заработи директен црвен картон по непромислен старт врз противничкиот играч.

Инцидентот од 60-тата минута можете да го видите ТУКА.

Екипата Андреа Пирло претходно се вадеше од негатива преку Мората, а токму Кјеза му асистираше на шпанскиот напаѓач, откако Сими во 12-тата минута погоди од пенал за водство од 1-0 на Кротоне.

https://twitter.com/KammyJuventus/status/1317547032261910531

- Оглас -

Најнови вести