Мората е најскап Шпанец на сите времиња

Атлетико и Челзи вчера потврдија дека е склучен договор за трансфер на Алваро Мората. Шпанецот по крајот на позајмицата следната година ќе ја реализира перманентната преселба на „Ванда Метрополитано“, а Сините ќе добијат вкупно 65 милиони евра (55 милиони евра е трансферот, 10 милиони евра е 18-месечната позајмица).

На тој начин Мората ќе стане најскап шпански фудбалер на сите времиња. Вкупниот износ за неговите услуги ќе ја достигне границата од 181 милиони евра. Дваесет и шестгодишниот голгетер во кариерата играше за три екипи пред да го облече дресот на Јорганџиите.

Јувентус во 2014 година го откупи од Реал Мадрид за сума од 20 милиони евра, а две сезони подоцна Кралевите го вратија назад за 30 милиони евра. Мората не се задржа долго на „Сантијаго Бернабеу“. Во летото 2017 се пресели во Челзи за 66 милиони евра каде играше само една и пол сезона. Во Атлетико дојде во јануари на договорена позајмица од 18 месеци, која заедно со трансферот ќе чини 65 милиони евра.

Вистинското прашање е, дали Мората ги оправдува овие средствата. За споменатите тимови, Шпанецот одигра вкупно 277 натпревари на кои постигна 88 погодоци, а додаде и 37 асистенции.

По Мората, најскап Шпанец е Фернандо Торес. На него вкупно се потрошени 94 милиони евра (од Атлетико во Ливерпул за 36 милиони евра, од Ливерпул во Челзи за 58 милиони евра). Еден милион помалку се потрошени за Диего Коста (Челзи плати 38 милиони во 2014 година, а Атлетико три сезони подоцна го врати назад за 55 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести