Падна договор: Мората останува во Атлетико

Атлетико Мадрид ќе го откупи договорот на Алваро Мората од Челзи, кој изминатава полусезона играше како позајмен на „Ванда Метрополитано“. Во јануарскиот преоден рок двете екипи се договорија на позајмица од 18 месеци, а перманентниот трансфер ќе се официјализира пред почетокот на сезоната 2020/21.

Мората посакуваше само едно нешто, да остане во Мадрид, па Атлетико одлучи да му ја исполни желбата. Од таборот на Сините веќе ја потврдија оваа информација, се чека само официјализација од страна на шпанскиот вицепрвак.

Се очекува трансферот да вреди околу 50 милиони фунти, oдносно 55 милиони евра, а Челзи ќе биде во загуба околу 10 милиони фунти, бидејќи во летото 2018 година го ангажираа Мората од редовите на Реал Мадрид за 60 милиони фунти (65 милиони евра).

- Оглас -

Најнови вести