Морбиден е селекторот на Боливија: Сакам да им го изедеме џигерот на Аргентинците!

Аргентина вечерва гостува кај Боливија, во меч од второто коло од квалификациите за пласман на Светско првенство 2022 година, а домаќините подготвуваат пеколен пречек. Мечот се игра во Ла Паз, град кој е на 3.600 метри надморсна висина.

Токму поради големата надморска висина, ова е едно од најтешките места за играње. Боливија во првото коло убедливо загуби на гости од Бразил со 5:0, но селекторот Цезар Фаријас најавува дека неговите избраници ќе водат голема битка со Аргентина.

„Не смееме да зборуваме дека сме за жалење и дека сме многу лоши. На оваа надморска висина сакаме да го јадеме џигерот на Аргентинците“, изјави селекторот на Боливија, Цезар Фаријас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести