Морбидни закани до играчите на Перуџа, фановите им порачаа дека ќе ги обесат (Фото)

Испаѓањето во италијанската Серија Ц после поразот од Пескара во плејаутот, толку многу ги разлути навивачите на Перуџа, што на фудбалерите и членови на управата им се закануваа со смрт. Околу 700 лица во 2,25 часот по полноќ ги чекаа играчите да се појават, а ги пречекаа со обесени четири кукли на кои имаше дресови на Перуџа и морбидна порака „Сакаме и вас да ве видиме вакви“.

Перуџа и Пескара со изведување на пенали решаваа кој да остане во Серија Б. Во пенал рулетот, Перуџа утна двапати.

Полицијата ги спречи хулиганите во обидот да направат поголем инцидент, но летаа шишиња и факли кон капијата на стадионот „Ренато Кури“. Некогашниот прволигаш Перуџа, последен пат испадна во трета лига во 1987 година.

 

- Оглас -

Најнови вести