Морон го понижи Тер Штеген: Го клекна на колена и му даде гол со петица (Видео)

Барселона синоќа се намачи во дуелот против Бетис, но каталонскиот гигант на крајот успеа да победи на пенали и да се пласира во финалето на Суперкупот на Шпанија. Во борба за трофејот Барселона ќе игра против најголемиот ривал Реал Мадрид.

Каталонскиот гигант против Бетис двапати водеше, но противникот израмнуваше, па мораше да има пенали. Од сите четири погодоци кои беа постигнати во 120 минути игра, посебно за одбележување е тој на Лорен Морон.

Играчот на Бетис кој влезе во игра во дополнителните 30 минути, погоди на атрактивен начин во 101-вата минута. Морон свртен со грб и со Араухо зад него, успеа на магичен начин со петица да ја смести топката зад грбот на Марк-Андре тер Штеген. Голманот на Барселона се обиде да го блокира противникот, но беше изненаден од начинот на кој Морон ја удри топакта и голманот на Барселона немоќно падна на колена и мораше да ја извади топката од својот гол.

За среќа на Барселона, токму Тер Штеген беше херојот кој во пенал-рулетот одбрани два пенали на противничките играчи и го одведе својот тим во финалето на Суперкупот.

- Оглас -

Најнови вести