„Мотивациски говор“ на хрватскиот селектор на тајмаут со еден куп пцовки (Видео)

Откако српскиот селектор на ватерполо репрезентацијата, Дејан Савиќ, одржа говор на тајмаут со многу критики и пцовки, не остана должен ни неговиот хрватски колега Ивица Туцак.

Во моменти кога Баракудите водеа со 10-7 во дуелот против Германија на Светското првенство во Унгарија, Туцак беше многу лут што со лоши шутеви му дозволиле на противникот да се доближи и секој трети збор во говорот му беше погрден, па и коментаторот на хрватската телевизија им се извинувал на гледачите со објаснување дека односот на Туцак бил „во жарот на борбата“.

https://twitter.com/i/status/1540022686159699968

- Оглас -

Најнови вести