Калгари флејмс – Њујорк ајлендерс (03:30 часот)
Калгари фати победнички ритам по низата од четири порази, па дојде редот да му се реваншира на Ајлендерс за поразот пред своја публика кој го претрпе минатата сезона. Тимот од Њујорк тогаш славеше со 5-2, иако Калгари ја имаше фаворитската улога. Сега повторно се фаворити, но Островците имаат шанса да се зацврстат на третата позиција на Истокот со тоа што ќе го искористат киксот на Торонто.
Предлог тип: <5.50 (2.05)
Детроит ред вингс – Чикаго блекхокс (01:30 часот)
Од јануари 2017 година, па досега Детроит и Чикаго редовно ги делат сезонските средби на по една победа. Последната пресметка овие две екипи ја одиграа точно пред 10 дена, а „црните јастреби“ славеа со 5-2 на домашен терен. Сега на ред се хокејарите од Детроит да ја продолжат оваа традиција, во спротивно Чикаго ќе може да се пофали дека оствариле двојна победа над една од послабите екипи сезонава.
Предлог тип: >6.50 (1.90)
Колорадо аваланш – Винипег џетс (02:30 часот)
Винипег се бори за врвот во Западот, но нивната форма не ветува дека можат да ја преземат лидерската позиција до крајот на регуларниот дел од сезоната. Мини-кризата од два последователни порази може да ја искористат хокејарите на Колорадо, особено тие што ја започнаа кризата со гостинскиот тирумф пред две кола.
Со таа победа, Колорадо ѝ стави крај на низата од четири порази против Џетси, но дали имаат квалитет да направат своја серија во меѓусебните пресметки, ќе се знае ноќеска.
Предлог тип: 1 пол. (2.75)
Вегас голден најтс – Бостон бруинс (04 часот)
Бостон не планира да застане со победничката серија која трае веќе шест меча, а ниту хокеарите на Вегас не се во состојба да им застанат на патот. Само еден триумф во последните пет средби не ветува дека домаќините ќе остварат победа против втората по квалитет екипа од Истокот.
Бостон има предност од 2-1 од претходните средби против „ноќните витези“, загубија само при првата пресметка која се одигра во октомври 2017 година.
Предлог тип: 2 & 5+ (3.84)