Хрватот Бранко Иванковиќ сам си ја намали платата за април и мај, и тоа по 39 проценти и наместо да инкасира 40 илјади евра како селектор на репрезентацијата на Оман, ќе има приход од околу 25 илјади евра за следните два месеци.
Загубата ќе му биде по околу 16 илјади евра месечно, или вкупно малку повеќе од 30 илјади евра, а интересно е што Иванковиќ е селектор на Оман само три месеци.
Сè уште го чека официјалното деби на клупата на репрезентацијата од Арапскиот Полуостров, но веќе предизвика добри реакции во Оман со потегот сам да си ја намали платата во екот на епидемијата со Коронавирус.
Иванковиќ во минатото беше тренер на Вартекс, Риека, Динамо Загреб и неколку клубови од арапските земји, а беше асистент на селекторот на Хрватска Чиро Блажевиќ во 1998 година, кога Коцкестите ја освоија светската бронза на Мундијалот во Франција.
Потоа со Иран се пласираше и настапи на Светското првенство во Германија во 2006 година, а сега е и селектор на Оман.