Еурофарм Пелистер против Алкалоид и Бутел – Вардар се двата меча кои се играат денеска од 18 часот и по кои ќе се знае првакот во ракометниот првак во Македонија. Битолчани се во пол-позиција бидејќи во пресрет на последното коло имаат 38 бодови, два повеќе од Вардар.
На Пелистер доволно му е вечерва пред своите навивачи да одигра и нерешено против Алкалоид за да ја задржи шампионската титула. Доколку Пелистер освои бод ќе има 39, па дури и Вардар да слави на гости кај Бутел Црвено-црните ќе завршат со 39 бодови, но имаат послаб биланс во дуректните меѓусебни пресметки од Суперлигата со битолчани.
Еурофарм Пелистер сезонава убедливо со 35:25 го победи Алкалоид во Скопје, но загуби во финалето на Купот и тоа на пенали. Ако Алкалоид ја повтори играта од Купот може да има драма, во спротивно Пелистер лесно ќе стигне до посакуваниот бод или три бода, за да се радува на шампионскиот пехар.
На Вардар не му останува ништо друго освен да го победи Бутел и да чека позитивни вести за нив од Битола.