Може ли Македонија ЃП и Струга ТЛ во финалето на Купот да одиграат со истиот резултат како што беше три пати во последните пет меча!?

Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум денеска од 17 часот ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се дознае освојувачот на трофејот во најмасовното натпреварување кај нас.

Македонија ЃП е актуелен освојувач и бранител на тронот во Купот, додека Струга ТЛ сака за прв пат да се радува во ова натпреварување. Тимот кој доаѓа од покрај Охридското езеро веќе испиша историја, откако стигна до првата титула во шампионатот на Македонија, а сега атакува на двојна круна.

Според формата, Струга ТЛ секако дека ја има фавортската улога, затоа што овој тим повеќе од половина година не знае за пораз. Низа од 21 натпревар без пораз има Струга ТЛ во првенството и во Купот. Последен пат неочекувано загубија од Победа во Прилеп на 26 октомври минатата година со 2:0.

Ако се погледнат последните пет средби на Македонија ЃП и Струга ТЛ ќе се забележи дека дури четири пати одиграле нерешено, а дури три пати било 0:0, што е најава за нов тврд и неизвесен натпревар, со малку голови.

Во играта Точен резултат, во понудата на Sport Life, квотата за 0:0 е дури 7.50.

- Оглас -

Најнови вести