3630 Наполи – Интер (18.00 часот)
Последните два шампиони на Италија во меѓусебната пресметка влегуваат со ист број бодови и без ниту еден нерешен резултат сезонава (последното лигашко реми им беше на 18-ти мај), имаат по пет победи и два порази во седумте одиграни кола. Интер е најефикасен тим во Серија А со 18 голови, Наполи е втор со 12. Наполитанците имаат два порази во последните три кола, а беа разбиени и од ПСВ во ЛШ пред четири дена, но сите тие порази им беа на гости. Проблем за Конте се повредите на Лоботка, Лукаку, Мерет и Хојлунд. Последните три дуели им завршуваа со истиот резултат 1-1.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)
1134 Манчестер ј. – Брајтон (18.30 часот)
Црвените ѓаволи во минатото коло го победија силниот и нивен најлут ривал Ливерпул, па ќе сакаат да продолжат по победничкиот пат, бараат трета победа по ред. Но, Брајтон е опасен тим кој има серија од четири меча по ред без пораз. Брајтон има само еден бод помалку од Јунајтед. Брајтон во минатата сезона двапати го победуваше Манчестер во мечеви со 3+ голови. Морските галеби не загубиле на „Олд Трафорд“ од февруари 2022 година, имаат три победи по ред на овој култен стадион. На последните осум нивни соочувања на „Театарот на соништата“, секогаш имало барем два гола.
Предлог тип: ГГ & 1=2 (7.25)
2849 Борусија Д. – Келн (18.30 часот)
Борусија има три бода повеќе од Келн, а тимот од Дортмунд има повеќе дадени и помалку примени голови од Јарците кои се нивни локални ривали, па ќе биде жешко и на трибините и на терен. Борусија освои само еден бод во последните две кола, но играше со Лајпциг и Баерн, екипи кои се на првите две места. Дортмунд во вторникот славеше со 4-2 кај Копенхаген во ЛШ, и таа форма треба да ја задржи и вечерва ако сака четврта домашна победа по ред против Келн.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.90)
1364 Валенсија – Вилјареал (21.00 часот)
Овој меч на градските ривали доаѓа во ситуација кога Вилјареал е трети зад Реал и Барса, и сака да им се врати на победите откако не успеа во претходните две кола, додека Валенсија последната победа ја имаше на 20-ти септември и има само три бода повеќе од последниот на табелата во шпанската лига. Вилјареал има низа од четири меча по ред во сите натпреварувања на кои прима барем два гола, но Лилјаците еден месец немаат дадено повеќе од еден гол на некој натпревар. Последната победа на Жолтата подморница на „Месталја“ беше во 2017 година.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.17)
2838 Ленс – Марсеј (21.05 часот)
Марсеј кој има пет лигашки победи по ред, во овој меч влегува како лидер на табелата во француската лига, а Ленс кој освои 10 бода во последните четири меча, е четврти на табелата и има само два бода помалку од Марсеј. Екипата од Марсеј уште нема нерешен резултат сезонава, додека Ленс има само едно реми во осумте кола. Ова е дуел и на екипите со најмал број на примени голови во лигата. Во минатата сезона, двата меча ги доби тој што беше гостин, последното реми во меѓусебните пресметки им било во 2021 година.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.94)

