Може ли Реал Мадрид вечерва службено да загуби затоа што нема доволно играчи!?

Реал Мадрид е на прагот да ја заврши сезоната без трофеј. Кралскиот клуб, кој минатата година доминираше, сега ги загуби битките во Купот и Суперкупот на Шпанија, а е елиминиран и од Лигата на шампионите. Во првенството на Шпанија, на три кола до крајот Реал заостанува седум бода зад Барселона и само теорија останува да се надева на чудо, кое е речиси и невозможно.

Реал вечерва на свој терен игра против Мајорка, а постои неверојатна опција, Кралскиот клуб дури и службено да го загуби овој меч. Како што пишува „Марка“, тоа е поради големиот број отсутни фудбалери од првиот тим.

Од играчите кои ги носат дресовите со броевите од 1 до 25, односно се дел од првиот состав на Реал, тренерот Карло Анчелоти на располагање има само деветмина фудбалери и еден голман.

Правилата во шпанското првенство велат дека кога се игра првенствен меч, на теренот мора да има најмалку седуммина фудбалери од пријавениот прв состав. Моментално Реал има вкупно 10-мина и тоа се: Куртоа, Валверде, Фран Гарсија, Валјехо, Модриќ, Себалјос, Ѓулер, Белингам, Мбапе и Ендрик.

Доколку се случи по некоја случајност (повреда или исклучување) Реал да остане со помалку од седуммина на теренот кои се фудбалери од првиот состав, Кралскиот клуб автоматски службено ќе го загуби дуелот против Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести