Може се 10 пати поскапи, но македонското срце сигурно е 10 пати поголемо

Македонија во формација 4-4-2 ќе се обиде да се одбрани, но и да ја изненади Германија на вечерашниот меч во Дуисбург. Првпат ќе играме против четирикратниот светски првак, а Пандев и другарите сигурно нема да се уплашат.

Оваа генерација успеа да направи историски успех со пласманот на Европското првенство, а и да одигра 1:1 против Италија во Торино. Ако можевме со Аѕурите да бидеме рамноправни, никако не смееме да се уплашиме од Германија, иако според најавените состави, светскиот фудбалски гигант има 10 пати поскап состав.

Германците стандардно во офанзивна формација 4-3-3 со ѕвезди од калибарот на Сане, Гнабри, Вернер, Хаверц и Тер Штеген на голот. Иако противникот има играчи кои се 10 пати повредни од нашите репрезентативци, македонските фудбалери досега многупати покажаа дека кога се игра со срце и желба, може да се биде рамноправен со секој ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести