Можеби е светски рекорд, меч во Боливија имаше 42 минути судиско продолжение! (Видео)

Екипите на Атлетико Палмафлор и Блуминг својот меч од боливиското првенство го играа толку долго, што на крајот испадна како да имале три полувремиња. Верувале или не, второто полувреме заврши дури 42 минути по истекот на 90-тата минута.

Палмафлор победи со 3-2, голот за триумф падна во 38-мата минута од судиското продолжение, а четири минути подоцна судијата конечно отсвири крај на овој маратонски дуел кој се играше на силен дожд и поплавен терен.

И судијата има вина што овој меч траеше толку долго бидејќи за еден гол, десет минути гледаше снимка за да процени дали погодокот е регуларен.

- Оглас -

Најнови вести