Поразот од Украина е болен и уште пече, но тоа мора што побрзо да се заборави, веќе задутре на македонскиот фудбалски национален тим му претстои нов предизвик, пеколно тешко гостување кај Англија.
Англичаните се во добра форма, тие се една од најсилните селекции на светот во моментов, а атмосферата во Македонија е лоша после поразот со пресврт, па и за очекување беше дека квотите во обложувалницата Sport Life ќе бидат такви какви што се.
За победа на Англија, квотата е само 1.11, што доволно говори колку голем фаворит е Гордиот Албион. Досега Македонија двапати има гостувано кај Англија и двапати играше нерешено, 2-2 и 0-0.
Квотата за и в понеделник во Манчестер да биде нерешено, е дури 7.75.
Што се однесува до играта точен резултат, најмали се квотите за 2-0 и 3-0 за Англија, што значи дека тоа се двете најверојатни варијанти.
Веројатно во моментов никој не верува во чудо, но во минатото сме покажале дека знаеме да изненадиме. На гости ги шокиравме Германија и Италија кога никој не очекуваше, а и од Англија не сме загубиле на нивен терен.