Можен е пресврт? Пензионирањето на Том Брејди не е дефинитивно

Откако синоќа повеќе американски медиуми објавија ударна вест дека се повлекува 44-годишната НФЛ легенда Том Брејди, дури и на официјалниот Твитер профил на НФЛ се простија од Брејди, но со полу-демант се јавија неговиот татко, како и агентот на најголемиот во историјата на американскиот фудбал.

Брејди кој има седум шампионски титули, од кои шест со Њу Ингланд патриотс и една со Тампа Беј баканирс, после раната елиминација од годинешниот плејоф, најавил дека се пензионира, но официјална потврда уште нема.

„Томи уште ја нема донесено конечната одлука. Затоа, апсолутно е погрешно и неточно да се каже дека сигурно се повлекува, или сигурно ќе продолжи да игра“ – рече неговиот татко.

Се појавија шпекулации дека Брејди го известил и генералниот менаџер на Тампа Беј дека уште не донел одлука.

- Оглас -

Најнови вести