Можен ли е пресврт? Чаби Алонсо сака да го задржи Лука Модриќ!

Лука Модриќ на крајот од Светското клупско првенство ќе го напушти Реал Мадрид и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Милан. На 39-годишниот Хрват не му беше понудено продолжување на договорот, па неговата ера во „кралскиот“ клуб завршува.

Сепак, шпанските медиуми откриваат дека Чаби Алонсо е задоволен од неговите игра на клупскиот Мундијал и од залагањето на тренинзите, па би сакал да го задржи.

Планот на Реал Мадрид е да се даде повеќе простор на младите фудбалери како Ѓулер и Мастантуоно, а на Чаби Алонсо рекол: „Ја разбирам одлуката на клубот да се направи простор за помладите фудбалери, потполно се согласувам“.

Сепак, во разговор со Лука Модриќ изразил желба тој да остане. „Да е до мене, би требало да останеш, бидејќи не пречиш, баш напротив, ти си еден од нас и се уште можеш да придонесеш за екипата“.
- Оглас -

Најнови вести