Бразил против Перу ќе игра во неделното финале на Копа Америка, но никако не стивнуваат реакциите од вчерашното полуфинале на Кариоките против големиот ривал Аргентина. Гаучосите загубија со 2:0, но беа многу лути на судењето. Лионел Меси јавно го изрази незадоволството од делењето на правдата и потенцираше дека неговата репрезентација требало да добие барем два пенали.
Интересно е што главниот судија, Роди Замбрано од Еквадор, воопшто не сакаше ниту да побара помош од ВАР-системот за спорните ситуации. Потоа беше откриено дека ВАР-системот затаил непосредно пред почетокот на полуфиналето со Аргентина.
Сепак, бразилскиот портал „Глобо“ открива дека има и нешто повеќе само од обичен расипан ВАР-систем. Луѓето од обезбедувањето на претседателот на Бразил, Жаиро Болсанаро, за комуникација ја користеле истата фрекфенција што била наменета и за судиите.
По интервенција на телекомуникациската компанија „Анател“, проблемот наводно бил решен, но сепак тоа не го отфрла сомнежот дека имало комуникација на бразилскиот претседател директно со судијата.