Можеше да биде и многу полошо, ако ја минеме Романија, одиме на Чешка!

Чешка ќе биде противникот на Македонија во априлскиот бараж за Светското првенство 2023 во ракомет, доколку претходно во март ја елиминираме Романија во првата рунда баражи.

За разлика од двобојот со Романците, на кој првиот меч го играме дома, со добро познатиот противник, Чесите, првата средба би била на гости.

Словенија – Србија и Црна Гора – БиХ се два од поинтересните потенцијални парови за оваа рунда од плејофот.

Полска, Шведска, Данска, Франција, Шпанија и Норвешка се шесте европските селекции кои веќе обезбедија место на СП 2023.

- Оглас -

Најнови вести