Еден од најдобрите англиски напаѓачи во историјата, а моментно фудбалер на Баерн Минхен, Хари Кејн, доби своја статуа во родниот град Чингфорд. Советот на градот одобри средства за статуата и локација, но од поставувањето сè уште нема ништо бидејќи транспортното претпријатие на Лондон забрани поставување на автобуската станица затоа што така ќе се загрозела безбедноста во сообраќајот.
Вториот предлог беше статуата на Хари Кејн да биде поставена во паркот, но овој предлог не беше прифатен од Советот. Сега останува неизвесно каде ќе биде поставена статуата, но јавноста имаше можност да види како ќе изгледа таа.
Expression spot on for someone waiting for his first league trophy #harrykane pic.twitter.com/mTHkyleDOG
— R (@gajabaadmi) March 20, 2024