Можни состави: Македонија ќе тргне офанзивно, трите бода се приоритет

Македонија ја има фаворитската улога на денешното гостување во Астана против Казахстан. Освојување на трите бода се приоритет за нашата репрезентација, ако сака да остане со реални шанси да конкурира за позиција која води на Светското првенство во 2026 година.

Се очекува селекторот Благоја Милевски да извади малку поразличен тим од тој што играше против Белгија. Македонија ќе мора да одигра поофанзивно, да креира игра, да создава шанси, а со тоа и формацијата да биде поофанзивна, па во нападот покрај Миовски може да се очекува да биде и Трајковски.

Промена ќе има и на десната бековска позиција, па деби во националниот тим се очекува да има Стефан Депотовски, кој имаше одлична полусезона во дресот на ОФК Београд.

Казахстан пред неколку дена убедливо загуби на гости од Белорусија во контролен меч и најавите се дека селекторот Али Алијев ќе игра со засилен дефанзивен ред и само еден класичен напаѓа.

- Оглас -

Најнови вести