17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Можни состави: Милевски нема намера да игра бункер на „Олд Трафорд“ (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Ол Трафорд“ во Манчестер ќе го игра третиот меч во квалификациите за Европското првенство што ќе се игра идната година во Германија.

Македонија во петокот загуби од Украина со 2:3 иако по првото полувреме водеше со 2:0, додека Англичаните рутински ја совладаа Малта (4:0) и го задржаа максималниот учинок во квалификациите. Македонија има половичен ефект во квалификациите, пораз од Украина и победа над Малта, додека Англија победи на трите меча во рамките на групата Ц.

Вечерва Англичаните се големи фаворити за победа според квотите, но Македонија нема намера во сите 90 минути да се брани, а дополнителен мотив на фудбалерите им претставуваат претходните две гостувања во Англија, на кои одиграа нерешено.


На голот се очекува да биде Столе Димитриевски, а одбранбената четворка се очекува да ја сочинуваат капитенот Ристовски, Зајков, Алиоски и Велковски, кој треба да биде замена за суспендираниот Муслиу.

Во средината на теренот треба да биде стандардната тројка, Елмас, Адеми и Барди, додека во нападот, според најавите, ќе играат Трајковски, Несторовски и Ашковски.

Селекторот на Англија, Гарет Саутгејт, не би требало да прави големи измени во составот со кој ја победи Малта со 4:0.
Пикфорд ќе биде на голот, а во одбраната треба да играат Вокер, Мегваер, Стоунс и Шоу.
Средината на теренот ќе ја држат Хендерсон, Александер-Арнолд, Фоден и Деклан Рајс, додека главна опасност за Димитриевски ќе бидат капитенот Хари Кејн и Маркус Рашфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести