Можно е да има вечно дерби МЗТ – Работнички на стартот од АБА 2

Работнички е еден од трите клуба кои чекаат да добијат покана за влез во АБА 2 лигата, пренесуваат босанските медиуми. Според најавите, освен најтрофејниот македонски клуб, покана чекаат и Слобода и Улцињ. Во АБА 2 лигата едно место остана слободно откако екипата на Зрињски реши да го откаже своето учество.

Доколу се случи Работнички да добие покана, тогаш за првпат ќе го гледаме вечното македонско кошаркарско дерби во меѓународни рамки затоа што шампионот МЗТ Скопје Аеродром веќе втора година ќе биде дел од втората лига на АБА. Работнички сепак не е во прв план затоа што Слобода Тузла има најголеми шанси да добие покана, но сепак официјално ќе се знае за неколку дена.

Ако сепак се случи Работнички да добие покана за влез во АБА 2 лигата, вечното скопско дерби ќе го има уште во првото коло бидејќи од претходно направената ждрепка вели дека МЗТ во првото коло од новата сезона ќе биде домаќин на тимот што ќе добие вајлд карта. Стартот на АБА 2 лигата ќе биде на 2 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести