Британскиот весник „Дејли експрес“ тврди дека Реал Мадрид по секоја цена сака да го доведе Пол Погба од Манчестер јунајтед. Кралскиот клуб прави тим кој во новата сезона ќе треба да биде конкурентен во Ла лига и во Лигата на шампионите, а една од големите желби на тренерот Зинедин Зидан е доведување на францускиот репрезентативец.
Повеќе од еден месец траат шпекулациите и разните комбинации за тоа како би се договориле двата клуба за трансфер. Најновата комбинација е тоа дека Реал е подготвен да плати 70 милиони евра, но и да ги прати на „Олд Трафорд“ Герет Бејл и Тони Крос.
Бејл е играч за кого подолго време се вели дека ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а е посакуван од Манчестер, додека Крос би бил одлично засилување за Црвените ѓаволи во средниот ред.