Можно ли е да се случи вакво чудо? Венгер да седне на клупата на Манчестер јунајтед

Арсен Венгер би можело да седне на клупата на Манчестер јунајтед на местото на Оле Гунар Солскјер. Според англиските медиуми, легендарниот менаџер на Арсенал сега се споменува како можен тренер на гигантот од „Олд Трафорд“. Манчестер сезонава игра слабо, тоа се покажа и на синоќешниот дуел, кога дури на пенали го елиминираше нисколигашот Рочдејл, а во првенството веќе е далеку од тимовите кои ќе се борат за висок пласман.

Францускиот стратег веќе една и пол година не работи никаде откако реши да стави крај на 22-годишната авантура во Арсенал. И по повеќе од две децении поминати кај Топчиите, сега искусниот стратег се споменува како наследник на Солскјер.

„На секој тренер му е сон да биде дел од Манчестер јунајтед, барем на секој оној кој има храброст. Мислам дека им се потребни уште четири засилувања во првиот тим. Тимот не е толку лош како што многумина мислат. Гледам тим кој е подготвен да се справи со предизвиците. Потребно им е работа за да се развиваат во посакуваната насока, а ако бидат донесени уште четворица играчи за првиот тим, ќе може да се борат за освојување на секој трофеј“, вели Венгер, и тоа во пресрет на дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, кој се игра в понеделник, во рамките од седмото коло во Премиер лигата.

Венгер од неодамна е дел од ФИФА и работи како технички директор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести