Венгер се пофалил дека нашол нова работа

Повеќе од 20 години, Арсен Венгер беше на клупата на Арсенал. Легендарниот француски тренер минатата година реши да се повлече и од тој момент е без ангажман. Многу пати името на Арсен се споменуваше како нов тренер на некој европски клуб, но сите тие шпекулации беа невистини.

Според пишувањата на англиските медиуми, Венгер на крајот од септември сепак ќе најде нова работа. Нема да биде тренер, туку технички директор во ФИФА. „Мирор“ пишува дека Венгер веќе се пофалил на своите пријатели за новата работа.

Иако би добил обврски во ФИФА; Венгер најави дека тоа не значи дека ја завршил тренерската кариера. Тој би сакал да биде селектор на национален тим кој ќе се избори за место на Мундијалот во Катар во 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести