Можно ли е Ѓоковиќ да добие грчко вето во финалето во Дубаи?

Новак Ѓоковиќ досега има перфекнта 2020 година. Србскиот тенисер победи на сите 17 меча кои ги одигра во новата сезона. Се радуваше на Австралија Опен, а сега е дел од финалето на АТП турнирот во Дубаи. Последна пречка за Ѓоковиќ да стигне до уште еден трофеј е Гркот Стефанос Циципас.

Популарниот Ноле со пласманот во финалето го бетонираше првото место на АТП листата, но секако дека освојувањето на трофејот ќе му биде повеќе од значајно. Победничкиот менталитет на Србинот најдобро се виде во вчерашното полуфинале против Гаел Монфилс, кога противникот имаше три меч топки во низа, а Ѓоковиќ успеа да ги одбрани и на крајот да победи.

КОИ СЕ ТРОЈЦАТА ТЕНИСЕРИ КОИ ИМААТ ПОЗИТИВЕН БИЛАНС ПРОТИВ НОЛЕ?

За Циципас се вели дека е еден од ретките играчи кои поседува квалитет да се спротистави на Ѓоковиќ. Гркот има одличен сервис, моќен е, одлично се движи по теренот и знае добро да се одбрани. Затоа во досегашните четири меча на овие двајца тенисери, резултатот е израмнет 2:2. Денеска Циципас има можност да стане само четвртиот тенисер кој би имал позитивен билас против Ѓоковиќ, а да има одиграно најмалку три меча. Досега тоа им има успеано само на Енди Родик (Американецот има 5 победи во 9 меча), Иво Карловиќ (2 победи во 3 меча) и Фернандо Гонзалес (2 победи во 3 меча).

Во последниот меч меѓу Ѓоковиќ и Циципас, 11-години постариот тенисер немаше никаков проблем и го растури Гркот со 6:1, 6:2 на Мастерсот во Париз. Финалето во Дубаи почнува во 16 часот, а секако е дел од понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести