Лутон таун е на прагот да влезе во англиската Премиер лига, а клубот е познат и по стариот стадион кој не ги исполнува условите за елитен фудбал и ќе му треба реконструкција.
Еден од влезовите е со скали кои се практично во двор на една куќа која е веднаш до стадионот.
За прилагодување и реконструкција, ќе треба да потрошат 10 милиони евра, а опција е додека се реновира, првите мечеви да ги играат на гости, или како на домаќини да играат во Милтон Кејнс.
Стадионот има 10.356 седишта и ќе биде најмал во историјата на Премиер лигата, ако Лутон првпат влезе во англиската клупска елита.