Екипата на Еурофарм Пелистер е оштетена од француските судии на вечерашниот меч против ПИК Сегед, и тоа со потег кој директно влијае на конечниот резултат.
Унгарците победија во Битола со 28-27, но на три и пол минути до крајот при 25-26, на Урош Борзаш не му беше признат чист гол.
Топката прво удри во стативата и заврши зад линијата, а потоа излезе од голот. Судиите не забележаа дека топката ја мина гол-линијата и покажаа играта да продолжи.
Средбата заврши само со еден гол разлика, па оваа грешка скапо го чини македонскиот првак, кој остана без првиот свој бод сезонава во ЛШ.